Производство на електрична енергија

Изградба на соларни електрани е популарна се повеќе во последните неколку години. Причината за која постои големо интересирање е можноста за поставување на панели каде и да има слободен простор (лошо земјиште, коси терени, итн.), како и природните ресурси. Најважен предуслов се природните ресурси, а местоположбата на нашата земја е поволна за инвестирање во соларни електрани токму поради многуте сончеви часови отколку многу европски земји.