ПРОЕКТИРАЊЕ

ИНТ Глобал Инженеринг нуди широк дијапазон на интегрирани инженерски и консултантски услуги во областа на енергетика, архитектура, електротехника, статика(сеизмика), сообраќај и урбанизам. Нашите инженери и соработници се одликуваат со високо ниво на интегритет и дисциплина. Корситејќи ги цврсто поставeните принципи и докажани концепти во својтата дисциплина овие професионалци се највешти и најкреативни кога се соочуваат со зададен проблем и затоа квалитетот на изработените проекти се зголемува со секој нареден проект. Во пристапот на изработка на секој проект ние го аплицираме нашето целосно колективно знаење со цел да најдобро одговориме на барањата на секој клиент. Во овој процес ние создаваме практични и апликативни решенија преку нашето долгогодишно искуство.Освен на техничката подготвеност и практичното искуство посебен акцент поставуваме на одговорноста кон нашите клиенти. Секој од вработените во ИНТ Глобал Инженеринг се одликува со оваа одговорност и доказ за тоа е долгогодишнитa соработкa со сите наши клиенти.